Конечно Sony го објави планот кои го имаат со Gaikai. Oткако го купија пред повеќе од година, во голем дел бевме убедени дека Sony сериозно размислува да го понуди играњето преку облак на корисниците. Годинава на CES 2014 Sony и официјално ја понуди PlayStation Now услугата – гејминг преку облак кој нема да биде достапен само на PlayStation 3 и 4, туку и на PlayStation Vita, на телевизори, таблет комјутери и паметни телевизори. Користејќи го Gaikai облакот PS Now ќе им овозможи на корисниците да играат видео игри на различни уреди, слично како стрим на видео, филм или музика. Стрим на видео игри до сите компатибилни уреди, но и обезбедува секој пат да ја играта последната верзија на играта.
Услугата ќе биде достапна подоцна годинава, а Sony презентираше функционален прототип. За разлика од останатите услуги и уреди кои започнуваат во Јапонија, овој пат Sony најави дека PlayStation Now ќе биде достапен подоцна годинава во САД, а бетата започнува веќе од крајот на јануари. Се очекува дека до почетокот на летото, услугата полека ќе станува дотапна во остатокот од светот. За жал Sony најавува дека PlayStation Now ќе биде достапна единствено за нивните уреди, пред се PlayStation 3 и 4, но и Sony Bravia телевизорите и рачните конзоли Vita, засега нема најави за паметни телефони но технологијата овозможува и овие уреди да бидат користени за играње. Што се однесува до начинот на плаќање корисниците ќе можат да изнајмуваат игри или да платат претплата со која ќе им бидат достапни сите игри од PS Now.
„Кога станува збор за широкопојасен интернет, Европа е далеку покомплексно подрачја, со огромен број на различни провајдери и различни брзини од држава до држава. Накусо, потребно ни е повеќе време да обезбедиме непречена и успешна услуга“, велат од Sony.