0 коментари 1 мин. читање

Софтверот на Ericsson причина за нарушување на работата на мобилната мрежа

Проблем кој го предизвикува софтверот на Ericsson предизвикува проблеми со мобилната мрежа насекаде во светот. Проблеми пријавуваат корисници од целиот свет, од Британија до Јапонија.

Ericsson ја презема одговорноста за проблемите во мрежата и објасни дека го лоцирале проблемот. Дел од опремата има дефектен софтвер што понатаму ја зафаќа мрежата.

„Го отстранивме софтверот кој го предизвика овој проблем. Им се извинуваме на клиентите зафатени од проблемот, и на нивните корисници. Напорно работиме да обезбедиме ограничено влијание и враќање на услугите што  побрзо можно“, вели Борје Екхолм од Ericsson.

Корен на проблемот е истечен сертификат кој бил инсталиран во софтверот на овие клиенти. Истрагата за целосна анализа на проблемот продолжува.

Ericsson вели дека успеале да го отстранат проблемот кај најголем дел од корисниците, а работата со клиентите кои сè уште имаат проблеми продолжува.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top