Google Glass беше најавуван како иднината на технологијата. Навистина технологијата ветуваше многу, но за жал високата цена и немањето на доволно содржина ги спречи во реализацијата.
Google со повеќе партнери полека наоѓа професионална примена на очилата. Работа во магацин, механичари на авионски мотори, пожарникари и полицајци. Група истражувачи од Универзитетот Стенфорд можеби пронајдоа уште една интересна примена.
Google Glass можеби може да им помогне на децата со аутизам да ги „прочитаат“ гримасите на луѓето. Autism Glass излегува од „Stanford Medicine Wall Lab“.
Очилата во комбинација со апликација можат да помогнат децата да ги разликуваат основните 8 гримаси: среќа, тага, лутина, гадење, изненадување, страв, задоволство и неутралност.
Деветгодишниот Алекс е дел од овие тестови. Тој има функционална форма на аутизам. Не може да воспостави контакт со очи и не ги разбира гримасите. Поради ова имал проблеми во градинка.
„Во градинка беше погоден со чекан и удиран по лицето од другите деца. Тие не го сакаа, но тој не можете да го види тоа“, вели неговата мајка.
Од пред година и пол, Алек со помош на Google Glass учи да ги препознава емоциите преку читање на гримасите на другите. Терапијата користи апликација развиена од Stanford и пар Google Glass очила. Камерата на очила може да го сними ликот на соговорникот, и да му даде гласовна интерпретација на корисникот.
Апликацијата преку игра им помага на децата да ги препознаат емоциите. Една од игрите е „погоди го моето чувство“, а во оваа игра децата треба да ги совладаат различните емоции.
„По неколку недели започнува да погледнува кон мене. Претходно со години се обидував да го погледне моето лице, но никогаш не се задржа повеќе од неколку секунди“, вели мајката на Алекс.