Со вештачка интелигенција потив злоупотреба на деца

0 коментари 1 мин. читање

Google ја претстави новата алатка која на организациите ќе им помогне побрзо да реагираат и да пријават сексуална злоупотреба на деца онлајн.

Следниот чекор во справувањето со ова е вештачка интелигенција. Со помош на вештачката интелигенција, организациите ќе можат побрзо да прегледаат повеќе содржини. Вештачката интелигенција побрзо прегледува по сите содржини и проценува кои слики можеби прикажуваат сексуална злоупотреба на деца. Потоа човек ги прегледува сликите и ги отстранува содржините на кој е прикажана злоупотреба. Штом еднаш е забележано дека сликата треба да биде отстранета други алгоритми го прават ова.

„Користењето на интернет за споделување и ширење на содржина во која сексуално злоупотребува деца е една од најлошите злоупотреби кои може да се замислат. Затоа од 2000 година инвестираме во технологија, тимови, и во соработка со експертски организации како Internet Watch Foundation за да го спречиме ширењето на материјалот во кој е прикажана злоупотреба на деца“, вели Google.

Новата алатка може да се користи преку Content Safety API на Google. Дел од организациите кои ја тестирале алатката тврдат дека продуктивноста име е зголемена 700%.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top