Со Sony Xperia ZR ќе може да сликате 1,5 метри под вода

Фотографирање на длабочина од метар и половина не е нешто што очекувате во реклама за паметен телефон, но токму тоа го нуди Sony со новиот Аndroid телефон. Xperia ZR, кој е поевтина верзија на Xperia Z, доаѓа со 4,6 инчен HD-дисплеј, 2 GB RAM, 1,5 GHz Snapdragon четири-јадрен процесор и 13 MP камера. Xperia ZR доаѓа со 4G конективност и интересно е што телефонот е водотпорен на длабочина до 1,5 метри во времетраење од 30 минути, што овозможува користење на телефонот за подводно фотографирање или снимање на видео. Воодотпорноста е една од предностите со кои Sony ги форсира своите Xperia модели.

„Xperia ZR ги поместува границите за тоа каде корисниците можат да го отклучат потенцијалот на паметниот телефон. Со комбинирање на камерата од Sony и водоотпорноста на телефонот никогаш повторно нема да пропуштите момент.“, вели директорот за маркетинг на Xperia, Калум Мекдугал.

Телефонот е најавен за вториот квартал годинава, а барем засега нема најава за цената.

[youtube]nDuYUlHc1r4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments