3 коментари 2 мин. читање 25 декември, 2012

Со Pletenki.com до потопла зима

Се сеќавате колку грееше капчето кое го сплете баба, или колку топло држат плетените чорапи додека одите по ладните плочки? Pletenki.com е нов сајт кој сака да ја врати носталгијата и секако потопли зими, нудејќи рачно изработени продукти по ниска цена.

„Сакав да понудам домашен квалитет на пазарот кој ќе се истакне со својата уникатна убавина. Се одлучив за рачно изработени производи. Со сајтот се обидовме да бидеме поблиску до сите кои се заинтересирани, а со тоа и да ги информираме за се што е ново и се случува со Плетенки.”, вели Наташа Кировска.

Наташа вели дека Плетенки предизвика поттик кај корисниците да понудат и своја идеја, па тоа резултираше во „custom” изработени производи. За сега има интерес и сајтот успеа да продаде десетина продукти. Но, најголем проблем на овој нов сајт, стартуван само пред две недели, е испораката која оди преку пошта. Испораката до дома е 100 денари, па тој трошок мора да се усогласи со цената на продуктот да не биде превисока.

Сепак, се гледа позитивно на работите. Целта на сајтот е да го оформат брендот, да го зголемат асортиманот на производи и секако да се обидат да го прошират бизнисот првин во балканските земји, потоа и понатаму.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
darko
darko
13 years ago

Само напред! Одлично е! 100 ден плус не е страшно ако ти го донесат пред врата. Толку ќе те чини паркинг ако треба да појдеш до центар на СК да го купиш. Мора да ги менуваме малку навиките и математиките :))

pero
pero
13 years ago

Супер идеја многу ми се допаѓа !!!

Слободан
Слободан
13 years ago

Супер изглед на страната, едноставен но доволен за намената.

Секоја чест и добар пазар ;)

Мени
Заедница
Изглед
To top