0 коментари 2 мин. читање 9 март, 2015

Со Henri ќе може да комуницирате со домашните уреди преку звук и светлина

Henri e хардвер кој овозможува едноставно внесување на команди за активирање на звучни и светлосни сигнали, без потреба од претходно предзнаење за програмирање. Уредот доаѓа од британската компанија Method, и е едноставен за користење. Се што треба корисникот да направи, е преку едноставен интерфејс да креира функции за звучни или светлосни сигнали со кои уредите ќе можат да ви пренесат порака.

Henry доаѓа со Arduino плочка, сет LED-диоди и звучник; а контролите пак се внесуваат преку два конторолни панели. Командите се всушност подолги или покуси светење на диодите, звучниот сигнал, или шема на вклучување и исклучување на диодите. Кутијата се поврзува на десктоп интерфејс каде Arduino може да го зачува комбинациите, или се приклучува на синитзајзер апликација која испраќа звуци до плочката. За сега ова е само дел од можната примена на Henri, а тимот на Method најавува дека уредот ќе биде пригоден и за повеќе други примени.

„Може да го користите контролерот за фино нагодување на брзината на анимацијата на екрaнот. Да речеме дека имаате анимација на зајдисонце и сонцето се спушта. Вообичаено се користи софтвер со тајмлајн, но далеку поприродно е да се заврти копчето“ вели Даниел Накамули од Method, за Wired.

Со оглед на се поголемиот развој за уреди поврзани на интернет, таканаречениот „Интернет на нештата“, Henri и слични помошни алатки ќе бидат добредојдени за помалите компании и стартапи за кои поедноставното завршување на проектите може да биде од исклучителна важност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top