0 коментари 3 мин. читање 13 јануари, 2020

Со Dell XPS 13 верзија 2020, најубавиот Windows лаптоп повторно се враќа

Кога лаптоп компјутерите се во прашање подолго време важеше дека Apple има уреди кои барем подобро изгледаа од Windows компјутерите. Dell XPS 13 е еден од првите уреди кои започнаа да ја менуваат оваа перцепција,  лаптопот не само што беше моќен, туку со дизајнот беше далеку пред конкурентите. Денес се чини дека единствено Microsoft со Surface им е конкуренција во класата во која се натпреваруваат.

https://www.youtube.com/watch?v=PU_S_gea7ZU

Оваа надградба не е премногу голема, но е доволна да биде интересна за потенцијалните купувачи кои прескокнале неколку генерации. XPS 13 доаѓа со 10-та генерација Intel процесор. Основниот модел доаѓа со Core i3, кој веројатно не ве импресионира, но највисоката надградба е i7-1065G7 што ќе ги покрие потребите на сите освен на корисниците на кои навистина им е потребно „десктоп чудовиште“. Како и досега така и сега ова не е лаптоп за корисници кои имаат потреба од графички перформанси. Лаптопот доаѓа со интегрирана графичка картичка која е подобра од досегашните, но е далеку од перформансите на дискретните графичка картички. Што се однесува до меморијата, на XPS може да се надгради до 32 GB DDR. Можеби мало разочарување е тоа што 2020 верзијата нема 6-јадрени процесори, но Dell ќе ги задржи XPS 13 компјутерите од претходната генерација за корисниците кои сакаат вакви перформанси.

Сепак перформансите не се единствената предност на новиот лаптоп. Екранот овој пат зафаќа уште повеќе од површината. Изборот на 13,4-инчен дисплеј е од 1080p до 4К дисплеј чувствителен на допир. И иако овој пат лаптопот е 2 отсто помал, во Dell успеаја да пронајдат простор за 17 отсто поголем тачпад.

Што се однесува до цената основниот модел со Core i3; 4 GB RAM; 256GB SSD; 1920р дисплеј чини 1000 долари. Секако 4к моделот, со екран на допир, i7 процесор, 2TB диск и 32 GB RAM ќе биде значително поскап. Уредот е веќе достапен во продажба, а од февруари доаѓа и Linux верзијата на компјутерот.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top