0 коментари 2 мин. читање 11 декември, 2018

Снимајте предавања, разговори и аудио забелешки со Voice Recorder

Порано, немавме добри можности за ефикасно снимање забелешки. Предавањата беа вртоглава трка да се пренесат зборовите на професорот на хартија. Подоцна, доаѓаше делот кога треба да го дешифрирате напишаното. Voice Recorder ќе ви се најде не само за ова, туку и за снимање разговори, или пак аудио забелешки.

За цена од 0 денари, Voice Recorder се испорачува како алатка која снима беспрекорно во MP3, или OGC форматите. „Квалитетот“ на самите снимки кој се движи од 8 до 44kHz. Апликацијата се испорачува со алатка за калибрација на микрофонот и подобро снимање во позадина, дури и кога екранот на вашата направа е исклучен. Управувањето е дополнително олеснето од чистиот и едноставен интерфејс.

Единствена работа која не нѝ се допадна премногу е интензитетот со кој се сервираат рекламите. Со оглед на цената, целосно е оправдан ваквиот потег за финансирање, но рекламите навистина знаат да го расипат уживањето при работа со алатката, особено кога постојано „шетате“ низ аудио забелешките и барате/ преслушувате одредено нешто. Корисниците кои би решиле да ги користат услугите на Voice Recorder на подолга стаза, дефинитивно би требало да одат со платежната, професионална верзија, која чини околу 5 евра, а целосно ги отстранува рекламите.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top