Снимајте и споделувајте го вашиот екран со Awesome Screenshot & Screen Recorder

0 коментари 1 мин. читање

Во случај да имате потреба од снимање на одредени операции кои ги изведувате преку вашиот прелистувач или пак на вашиот десктоп, тогаш имаме екстензија само за вас!

Awesome Screenshot & Screen Recorder ќе прави скриншотови или ќе ги снима акциите што ги правите, а потоа ќе ви овозможи услови за уредување на содржината и споделување на истата!

Awesome Screenshot & Screen Recorder работи за прелистувачи како Chrome, Safari, и Firefox и ви дозволува во исто време да снимате и преку камера и активностите на прелистувачот, односно декстопот. Со тоа што можете да го снимате и вашиот глас, се поставуваат одлични услови за изработка на квалитетни туторијали каде можете чекор по чекор да објаснувате одредени операции.

На Chrome Web Store, Awesome ChatGPT Screenshot & Screen Recorder е оценета од над 26 000 корисници со оценка 4.7, а нејзините можности се проверени од над 3 милиони корисници.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед