Snap продолжува со производството на очилата кои функционираат како камера. Snapstacles 3.0 ќе бидат достапни во 2019 година и ќе излезат следната годнина, јави Cheddar. Веќе за оваа есен е најавена верзијата 2.0.
Се чини дека компанијата не се грижи премногу за моменталната состојба со акциите и сите проблеми кои произлегуваат. Можеби една од главните причини за ова е што очилата се продаваа одлично, а имаше редици пред секој од автоматите на кои беа достапни.
Сепак и покрај ова компаниајта продаде 150.000 пара очила и загуби 40 милиони долари. Сепак, новите очила ќе бидат водотпорни ќе доаѓаат со подобра камера и во нови бои. Други поголеми промени нема да има во втората верзија на очилата.
Сепак за третата верзија се најавени значителни измени. Snaptacles 3.0 доаѓаат со 2 камери што можеби би овозможило и 3Д ефекти. Дополнителено, она што го овозможуваат очилата е да го доживеете искуството како и корисникот, со 3Д-ефекти ќе биде и уште подобро.
Засега веста е непотврдена. Но, Snap сега во производство на новата верзија ќе ја има и компанијата FiveFocal потсетува Verge.
Можеби новите 3.0 очила од Snap ќе доаѓаат со понова технологија и поголема функционалност, но дали и светот ќе биде подготвен за нова технологија. Она што е сигурно е дека пазарот за очила за проширена реалност е побогат од било кога претходно. Дали ова ќе се пренесе и на овие очила од Snap останува да видиме.







