0 коментари 2 мин. читање 26 април, 2018

Snap ја претстави надградбата на очилата Spectacles 2.0

Snap не се откажува од хардверот, компанијата ја претстави новата генерација на очила. Очилата доаѓаат таман во периодот за летен одмор и би требало да бидат достапни за периодот кога најчесто се фотографираме.

Можеби најважното што може да се каже за овие очила е констатацијата дека овие очила корисниците всушност ќе ги носат. Како и претходната верзија, и оваа верзија е всушност камера маскирана како очила за сонце. Сепак за разлика од претходниот модел, новата верзија е помала, поудобна и водоотпорна. Ова најверојатно ќе овозможи повеќе локации на кои овие очила ќе бидат користени. Сепак најголема предност на V2 е што корисниците веќе се поднавикнати на претходниот модел, па Snap не почнува од 0.

https://youtu.be/Qpbyj-hz05s

Но, не се само корисниците навикнати на Spectacles. И од Snap сега многу подобро знаат што прават, каде и како корисниците ги користат очилата. Најверојатно од ова искуство доаѓаат и функционалностите за подобро аудио или едноставно за фотографирање на единствена фотографија. Новите очила побрзо и ги префрлаат содржините на Snapchat, но и побрзо се полнат и доаѓаат со 4 екста батерии, што ќе остави повеќе простор за забава.

Ова не се единствените разлики. На пример, претходниот модел на почеток беше достапен во ограничени едиции. Компанијата успеа да продаде 220 000 очила, но со оглед на тоа дека очилата се продаваа преку „автомати“ кои беа поставувани одненадеж, ова можеби е и импресивна бројка.

Snapstacles V2 ќе чината 150 долари, а веќе се достапни во продажба.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}