0 коментари 2 мин. читање 16 декември, 2020

Слушајте аудио книги на македонски јазик со Самоглас

Како прва платформа за аудио книги на македонски јазик, Самоглас ветува почеток на едно исклучително пријатно искуство за сите љубители на аудио книги.

Откако ќе го посетите веб сајтот можете да се регистрирате бесплатно и инстантно да започнете да слушате аудио книги на македонски јазик. Сите книги се уредно подредени во одделот Библиотека, според жанрови, категории, лектири, автори и гласови (кој ги чита). Од одделот Дома може да започнете некој од препорачаните, најновите, или најслушаните наслови.

Screenshot Image

Со избирање книга, како Малиот Принц, добивате кратки информации за времетраењето, авторот, годината, жанрот и слично. Таквите податоци се резервирани за левата страна, а на десната се наоѓаа краток опис како и целата книга поделена на глави и со означено времетраење. Кликнување на одредена глава започнува со репродукција. Слушањето на книгата може да биде во нормална брзина, но и во поспора или забрзана форма, во зависност од вашите моментни потреби.

На располагање имате и енџин за пребарување, како и можност да истакнете одредена книга како омилена.

Онаму каде што проектот Самоглас навистина сјае е во нивните апликации за Android, односно iOS. Симнете ја соодветната апликација на вашата направа и започнете со слушање на над 45 бесплатни наслови на македонски јазик. Платформата Самоглас има над 6000 регистрирани слушатели и е направена и за рекреативна употреба, но и за да им биде од помош на луѓето со визуелни потешкотии.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top