0 коментари 2 мин. читање 8 март, 2018

Словенија стана еден од европските лидери во криптовалути

Словенија не е најголемата, ниту најразвиената држава во Европа. Сепак кога криптовалуте се во пршање, Словенија е една од државите лидери, не само во Европа, туку и во светот.

Она што започна како ентузијазам за крипто валута, прерасна во хаб за развој на blockchain. Токму ова придонесе Словенија да биде еден од лидерите кога оваа технологија е во прашање. Една од причините за ова секако, е поддршката од Владата на Словенија. Во февруари претставници на Владата на Словенија одржаа работна средба со неколку „blockchain“ стартапи. Владата ја претставуваа премиерот Миро Церар и министерот за економски развој и технологија на Словенија, Здравко Почивалишек.

„Владата е свесна за учеството на Словенија во глобалните текови, а со нашата визија за модернизација и промоција на дигитализацијата во сите области, го внесуваме во прв план воведувањето на нови технологии. Вака ја препознаваме blockchain технологија како исклучителна можност. Во овој поглед, Словенија е во првите и најпрепознатливи дестинации во Европа“, вели премиерот Миро Церар.

Словенската блокчејн заедница е една од најактивните во светот. Во Словенија се наоѓа и една од најголемите берзи за крипто валути во светот и најголемата во Европа. Една од причините за ова е што компаниите блиску соработуваат, а со тоа и се развиваат.

„Словенските blockchain компании веќе блиску соработуваат и не се натпреваруваат помеѓу себе. Постојано си помагаме во развојот на компаниите, ги споделуваме контактите и си отвараме врати едни за други“, вели Матеј Грегорчиќ од Viberate.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top