Chipolo е словенечки уред кој ќе ви помогне никогаш повеќе да не изгубите клучеви, телефон, ташна, паричник или било кој друг мал предмет што често го губите. Како што објаснуваат креаторите, Chipolo е Bluetooth виртуелен поводник поврзан за паметниот телефон на корисникот. Chipolo e креиран од два словенечки стартапи Geartronik и Nollie Apps а средствата успеаа да ги соберат преку Kickstarter кампања со која успеаа да соберат 293.000 долари од побаруваните 15.000 од 5.329 поддржувачи.
Загубените и затурени „токени“ се поврзани со апликација за телефоно која може да ги лоцира на растојание од 60 метри. Chipolo ја презентира оддалеченоста од предметот кој го барате, а како интересен дополнителен податок е презентирана и температурата на локацијата каде што е оставен токенот. Доколку го загубите телефонот, не очајувајте, се што треба е да го протресете токенот и телефонот ќе почне да ѕвони. Доколку пак токенот е надвор од 60 метри тогаш апликацијата ќе ви ги покаже GPS координатите во кои токенот последен пат бил во опсегот. Доколку батеријата се потроши, нејзиното менување е едноставно отворете ја плочката и заменете ја.
Апликацијата е достапна за iOS и Android, а за 2014 година е најавена и Windows Phone 8 поддршка, со што ќе стане прв сличен уред кој е достапен со Windows Phone платформата. До крајот на годината ќе биде издаден и водоотпорен модел. Chipolo чини од 24 евра за еден до 174 евра за 9 токени.
[youtube]iwZvVjlXCoM[/youtube]







