10 совети од TED како професиoнално да монтирате видео

2 коментари 2 мин. читање

Кари Мулхоланд, која е одговорна за видеата на TED, сподели одлични 10 совети за монтирање на видеа за сите кои се заинтересирани да креираат видео содржини. Според неа, најважнот е да се најде сопствена техника бидејќи таа ќе и сугерира на публиката како да го прифати видеото.

„Техниките кој едиторите на видеата ги користат за да креираат содржини открива многу за тоа како луѓето го креираат значењето во светот. Едиторите имаат длабоко разбирање за тоа како луѓето размислуваат, чувствуваат, помнат и учат и го користиме ова знаење да креираме моќни, стории и искуства. Најдобрите одлуки за уредување доаѓаат од ематијата – за луѓето кои се на екраните и за публиката која ги гледа“.

[youtube]iDYlzt7lNlk[/youtube]

Одберете го најдобриот агол за секој момент и користете повеќе блиски и средно одалечени кадри отколку широки кадри. Ова овозможува да се избалансира намерата на говорникот со очекувањето на публиката, со што му помагате на говорникот подобро да ја раскаже својата приказна. Следење на говорот на телото подразбира и следење на начинот на кој говорникот се движи. Мислите на говорникот се покажуваат и преку говорот на тело.

Уредувањето мора да биде невидливо. Без разлика дали се одбира гест кој ќе го маскира монтирањето или тоа ќе биде на збор, при што дополнително се потенцира зборот и мислата станува полесна за помнење. Имајте во предвит кој зборува, а кој слуша, ова пред се важи за интервјуата. Ова ќе овозможи корисниците подобро да ја разберат целта на интервјуто, на пример да дознаеме повеќе за Бил Гејтс, па гледањето од негова перспектива станува поинтересно.

[youtube]N52-9vrPtYo[/youtube]

Ова се само дел од советите од едиторите на TED до своите колеги, а останатите ние можеме да продолжиме да уживаме во TED говорите и интервјуата и без да знаеме за работата која се прави во позадина, за сето ова да биде доведено до совршенство.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top