0 коментари 1 мин. читање

Sleep if u can е најдосадниот мобилен аларм кој дефинитивно ќе ве разбуди

Некој некогаш рече дека Snooze копчето на алармите е истовремено најдобриот и најлошиот изум. Но, што ако немате Snooze копче, туку мора да направите фотографија за да го изгасите алармот. И тоа не било каква фотографија, туку истата што сте ја направиле вечерта пред да си легнете?

Sleep If You Can е нова интересна мобилна апликација која себе си се рекламира како „најдосадниот аларм во светот“, иако може да се каже дека е и најпрактичниот. За да се изгаси овој аларм – достапен за iOS и за Android – ќе мора да станете од креветот и да направите фотографија. Штом се инсталира, апликацијата ве тера да направиме неколку различни фотографии во вашиот дом, и штом ќе се вклучи алармот ќе покаже некоја по случаен избор која мора да ја редуплицирате за да го изгасите. Штом еднаш сте се подигнале од удобниот и загреаниот кревет да шетате и сликате, тогаш вие веќе сте станати, и тогаш алармот функционира.

[youtube]HSauCvd6p4k[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top