Следните податоци од Централната агенција за разузнавање WikiLeaks најпрво ќе им ги покаже на компаниите

WikiLeaks и податоците за праксата на Централанта агенција за разузнавање сè уште се во фокусот, а страницата веќе ги објави следните чекори. Она што досега го видовме е само првиот дел до документите. Следните документи прво, ексклузивно ќе им бидат презентирании на техничките компании.

Ова навестува дека дел од безбедносните пропусти се активни. Првите одговори на Apple и Google, кои излегоа брзо по објавата, велат дека пропустите не се активни на поновите верзии на iOS и Android. Ова го наговестува и самиот Џулијан Асанж кој вели: „Штом материјалот е безопасен, ќе ги објавиме следните детали“.

Најголемата причина за ова е што без затворање на пропустите, комуникациите ќе бидат отворени за злоупотреба не само од ЦИА, туку и од хакери. Единствена компанија која досега одговори на најавата на г. Асанж e Microsoft, јави BBC. Но, засега немаат добиено никакви материјали од WikiLeaks.

„Преферираме сите кои имаат некакви податоци за безбедноста, вклучувајќи ги и ЦИА и Wikileaks да ни ги пратат овие податоци на [email protected]. Вака ќе може да ги разгледаме податоците и да ги преземеме неопходните мерки за заштита на корисниците“.

Г. Асанж тврди и дека документите со кои располагаат се многу повеќе од она што е објавено. Тие сакаат најпрво комуникациите да бидат безбедни. Тој проговори и за Umbrage програмата на ЦИА. Програмата предвидува прибирање на малициозен софтвер од други држави, креирање на софтвер кој изгледа како да е креиран во друга држава. Потоа овој софтвер се користи за прикривање и за обвинување на други држави. ЦИА нема ексклузивитет на оваа пракса, па ја користат и други државни агенции надвор од САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments