0 коментари 2 мин. читање 6 октомври, 2016

Следете и коментирајте за најновите вести со Yahoo Newsroom

Facebook и сличните друштвени мрежи се користат од две примарни причини: шпионирање на најблиските и читање вести. :) Во случај да припаѓате на втората категорија и да сте заинтересирани само за најновите случувања во светот и вклучување во дискусии со истомисленици, би можело да ви се допадне најновата, „реобновена“ апликација на Yahoo.

Yahoo Newsroom е апликација која до вашиот паметен телефон ги испорачува најновите новости од каде било според теми како политика, спорт, технологија и слично. Сервираните новости се кроени според вашите интереси, односно се прилагодуваат според вашата активност, следење на одредени теми (vibes) и коментирање.

Ова би требало да биде еден чекор понапред од повеќето агрегатори на вести за кои не би баш можеле да добиете филтрација на вести до толкав степен, а и не би можеле да започнете соодветен разговор. Претставниците од компанијата сметаат дека оваа апликација ќе ве „ослободи од притисокот на општеството“ и, претпоставуваме, од осудувачки пријатели кои не можат да ги разберат вашите интереси. Постовите кои вие би ги споделиле ќе бидат видени од лица со слични интереси и ќе се создадат можности за започнување на, она што се надеваме би било, интелигентна дискусија. :)

https://youtu.be/u0_-FGw7vkE

Yahoo Newsroom е достапен како апликација за Android и . Не заборавајте, меѓутоа, дека ова е истата компанија од која се украдоа чувствителни податоци на над 500 милиони профили во 2014 година, а таквото нешто дури од неодамна се обелодени. Дополнително на овој скандал, излезе и новоста дека компанијата ги скенирала мејловите на своите корисници.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top