Нов скандал со Yahoo!, компанијата ги скенирала меиловите на своите корисници

Минатата недела помисливме дека хакирањето на над 500 милиони корисници на Yahoo е најлошата вест што може да излезе за компанијата. Но сега, откако се појавија нови сознанија, го менуваме мислењето: компанијата одобрила шпионирање на своите корисници.

Некогашниот гигант ја скенирал електронската пошта на своите корисници, а податоците ги испраќале на агенциите во САД. Компанијaта ја скенирала поштата на стотици милиони корисници, тврдат поранешни вработени. Веста доаѓа од двајца поранешни вработени кои велат дека Мериса Мејер била на чело на компаниајта во тој период. Дел од примачите на овие податоци се Националната агенција за безбедност и Федералното истражно биро, јавува Reuters.

Податоците кои ги сподели Едвард Сноуден зборуваа за PRISM; дека властите во САД соработувале со дел од техничките гиганти и прибирале податоци од корисниците. Сепак ова е прва компанија за која има информации дека се договорила да ги шпионира своите корисници, велат експерти. Овој договор со агенциите е причина поради која шефот на безбедност Алекс Стамос ја напушти компанијата. Г. Стамос дега е дел од безбедносниот тим на Facebook и не одговори на контактите од Reuters и Gizmodo.

Изворите тврдат дека Yahoo ја проверува поштата за клучни зборови. Доколку некој од овие зборови е пронајден треба да ги известат агенциите.

„Yahoo e компанија која ги почитува законите на САД.“, одговори портпаролот на компанијата. Facebook и Google не одговорија на прашањата дали има притисок и врз овие компании.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Yahoo Newsroom е достапен како апликација за Android и iOS. Не заборавајте, меѓутоа, дека ова е истата компанија од која се украдоа чувствителни податоци на над 500 милиони профили во 2014 година, а таквото нешто дури од неодамна се обелодени. Дополнително на овој скандал, излезе и новоста дека компанијата ги скенирала мејловите на своите корисници. […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk