0 коментари 2 мин. читање 19 јуни, 2009

Следете го сателитот на NASA преку друштвените мрежи

{mosimage}NASA го лансираше сателит Lunar Crater Observation and Sensing Satellite (LCROSS) чија мисија е да истражи дали има вода на Месечината. На сателитот ќе му претходи ракета која со експлозија ќе направи кратер на месечината, а сателитот ќе ги истражува делчињата од површината и кратерот за да види дали има вода во нив. Водата е многу важна за NASA бидејќи, како што велат од американската вселенска агенција, „тоа ќе одлучи дали луѓето ќе можат да живеат на Месечината“.

Повеќе информации за мисијата можете да најдете на блогот на NASA и тука, но можете да ја следите целата мисија преку Facebook
и Twitter. Фотографии можете да видите на TwitPic, a видео на NASATV.

{mosimage}

Верувам дека NASA постојано прави интересни мисии за следење, но тие често не се појавуваат низ медиумите. Затоа одлуката на NASA да ги објавува најновите информации на друштвените мрежи е одлично за секој заинтересиран во вселенските мисии. Претходно астронаутот на NASA твиташе
од вселената
.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top