За да обезбеди што е можно повеќе информации за стотиот по ред Tour de France, кој започна пред една недела и трае до 21 јули, Google стартуваше YouTube канал, Google+ профил, Android апликација и интерактивни тури од секои етапи на познатата велосипедскa трка.
Преку сајтот ќе може да ги следите сите етапи прегледани преку камера вградена на некои од велосипедистите и преку слики од Street View. Секако доколку ги знаете точните рути на секоја етапа, можете преку Google Maps да ги прегледате подетално сите патишта по кои се вози. Официјалниот YouTube канал изобилува со куп разни видеа од моменти од трките, интервјуа и кадри од прекрасниот пејсаж на Франција. Преку Google+ ќе најдете куп фотографии од трката, а преку Android апликацијата ќе може да останете во тек со сите настани.
[youtube]kmkMWRd31PU[/youtube]