0 коментари 1 мин. читање

Скоро 75 отсто од светските лидери се на Twitter

Што имаат заедничко Никола Груевски, Владимир Путин, Дејвид Камерун, Барак Обама и Папата Бенедикт XVI? Сите овие политичари се се само дел од светските лидери кои го прифатија Twitter како алатка за комуникација со граѓаните. Според Digital Daya, компанија која им помага на политичарите да ги прифатат новите медиуми, во декември 2012 година скоро 75 отсто од светските лидери имале свој профил на Twitter.

Ова е важно бидејќи Twitter нуди полесен начин да се комуницира со политичарите. Во реалниот свет скоро е невозможно обичен граѓанин да им се приближи на политичарите, камо ли на лидерите, што е иронично бидејќи тие се одберени од граѓаните, нели? Но, на Twitter и на другите друштвени мрежи, ваквиот контакт станува полесен бидејќи ПР службата која го води профилот ќе може да ги анализира прашањата и барањата на граѓаните, и да му даде фидбек на политичарот за јавното мислење.

Но, имање на профил не значи и поголема интеракција. Пример е профилот на македонскиот премиер Груевски кој е само RSS канал на пренесување на информации од Facebook профил или од сајт, без никаква интеракција со другите корисниците.

World Leaders on Twitter, Digital Daya's Dec. 2012 Report

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top