Скицирајте со AutoDraw на Google

Google претстави нова платформа, која ќе им помогне во скицирањето на сите. AutoDraw е едноставна алатка за скицирање, која не нуди премногу можности за уметниците и луѓето кои се малку повешти. Сепак на останатите AutoDraw ќе им заштеди време.

На прв поглед AutoDraw не потсетува на софтвер за цртање, туку на Google Keyboard. Но, со вклучен волшебник штом почнете да цртате, софтверот ќе започне со препораки за довршување на скицата. За најголем дел од корисниците, понудената замена е поисполирана од оригиналот. Со притискање на една од понудените илустрации, веднаш се заменува и додава во сликата.

Ова е уште една примена на вештачката интелигенција, која во случајов ги споредува, распределува и препознава сликите.

AutoDraw е отворен за сите кои се заинтресирани да ги додадат своите илустрации во платформата. Овие илустрации понатаму се одбележани со златна ѕвезда. Токму од учеството на заедницата ќе зависи и успехот на AutoDraw, повеќе слики и секако ќе значат и поголем интерес од корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments