0 коментари 2 мин. читање

Sizzy е проект на @Kitze преку кој се забрзува процесот на развој на респонзивни веб сајтови

Најдобрите идеи и проекти доаѓаат од решавање на некоj проблем со коj девелоперот се среќава во развојот. Токму ова е случај и со Sizzy, платформа развиена од Кристијан Ристовски.

Sizzy е креирана да овозможи тест и преглед на различни големини на апликација, при креирање на веб-страници и веб-апликации со респонзивен дизајн. За тестирање и разгледување на тоа како ќе изгледаат и најмалите промени на куп уреди најчесто се троши многу време. Sizzy е алатка која овозможува побрза работа, преку истовремена презентација на повеќе екрани.

„Веќе користев react-storybook за да сменам помеѓу сите варијации на компонентите. Сепак морав да менувам помеѓу 12 различни уреди за да видам како овие промени ќе изгледаат на секој од нив. Вака започна сè“, вели г. Ристовски во пост на Medium.

Платформата започна како додаток за React, но алатката се покажа многу корисна, па Марјан, се реши да ја направи веб-апликација, а веќе направениот Storybook-плагин да остане додаток.

Алатката овозможува филтрирање по оперативен систем, iOS или Android и филтрирање по уред, телефон или таблет. Користењето на Sizzy за проценка на веб-страница е едноставно. Треба единствено да се внесе веб-адресата и веднаш се покажува изгледот на куп уреди. Девелоперот може тука да направи промени со филтрите и да вклучи или исклучи некој од уредите.

https://www.youtube.com/watch?v=KTo71Tqlwy8&list=PLeRG3Z4BGWXR1yE8176LxtAj0Xyb_VI7L

Кодот на Sizzy е достапен на Github, а целиот процес на креирање на платформата многу подетално може да го разгледате на YouTube каналот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top