Сите игри на Ubisoft за 65 денари преку Ubisoft +

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Ubisoft + е месечна претплата која, по цена од 900 денари, ви дава пристап до сите игри на издавачот Ubisoft; не само основните игри, туку и сите додатоци и експанзии кои се за играта. Па така, Far Cry 6 можете да ја играте заедно со сезонската пропусница, но и со неодамна излезената експанзија, Lost Between Worlds.

Чисто за пример, комплетната едиција на Far Cry 6 чини 7300 денари, а за одредени промоции може да се зграпчи за нешто повеќе од 3000 денари. Со оглед на тоа дека основната игра може да се заврши за 30 часа, а последователните додатоци за двојно помалку од тоа, вреди да се претплатите на Ubisoft +, особено кога ќе земете во предвид дека Far Cry е само една од многуте комплетни изданија на игри (апелираме и на тебе Valhala!).

Но, дури и да сметате дека 900 денари се многу пари за месечна претплата, моментно можете да се претплатите на цел месец Ubisoft + за само 65 денари. Промоцијата трае до 19 јануари, а по истекот на 30 дневниот период можете да продолжите со претплатата од 900 денари месечно.

Доколку имате желба за истражување огромни отворени и визуелно импресивни светови, 1 евро е премногу мала цена за пристап… или премногу голема, под услов да ви е апсолутно смачено од формулата на Ubisoft.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments