Оваа интернет апликација овозможува брзо и умерено ефикасно да наоѓате едноставни форми, симболи или логоа преку официјалниот пребарувач на слики на Google. Апликацијата е неофицијална и цртежите ги праќа директно на Google, за потоа нивниот алгоритам за пребарување да заврши најголемиот дел од работата.
Веб апликацијата нуди спектар од неколку бои и големини на четката за цртање. Корисниците на мобилни уреди за кои можеби оваа апликација е идеална, за жал сеуште не можат да ја користат. Ако ништо не успее, можете да користите и веб камера и да нацртате тоа што барате на парче хартија за потоа тоа автоматски да се пребара преку Google пребарувачот на слики.
Ако ви се потребни едноставни симболи или форми, и имате умерено добра способност да цртате преку компјутерско глувче, може да ви се најде корисна оваа веб апликација. Јас се потрудив многу неуспешно да го нацртам логото на IT.com.mk, но резултатите беа премногу далеку за да бидат дури малку точни.







