Компанијата за следење трендови на друштвени мрежи Mashwork, анализираше 65.968 споделени твита поврзани со презентирањетo на новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 8, со цел да го открие мислењето на твитерџиите за Windows 8.
Твитовите се споделени во периодот од 15 јуни до 22 септември, чија анализа ни кажува дека од првичните реакции дури 47 oтсто од нив се позитивни, поточно оние кои ги имаат споделено се возбудени за новиот Windows 8, 20 отсто се скептични, додека 33 отсто имаат свои предлози за оперативниот систем. Најдискутирана тема е брзината на бутирање на новиот оперативен систем, со 34 отсто застапеност од сите твитови поврзани за некоја конкретна карактеристика на Windows 8.
Mashwork имаат креирано интересен инфографик од добиената анализа на твитовите. Во прилог го имате целиот инфографик кој содржи навистина интересни информации за како Twitter заедницата гледа на новиот Windows 8.
