No Man’s Sky располагаше со серија од најагресивно рекламирање и промовираше едно чудо новитети и револуционерни промени во гејмерски жанр. Конечниот производ, меѓутоа, беше крајно разочарувачки. Половина од елементите кои беа ветени ги немаше никаде, а другата половина не беше ни приближно добро реализирана. Изминатава година, авторите напорно работеа на надополнувања и пробаа да ги задоволат фановите со содржителни закрпи и новитети но, и покрај тоа, No Man’s Sky и понатаму се давеше на Steam со само 30% позитивни рецензии.
Работите, по се изгледа, се менуваат.
Во последните 30 дена, No Man’s Sky се одликува со 75% позитивни рецензии и може да се забележи дека огромниот труд кој се вложи по излегувањето на играта конечно се исплати.
Најдоброто од сево ова е тоа што Hello Games не планираат тука да застанат.
Најновото надополнување, Atlas Rises, е излезено и, меѓу другото, воведува триесеттина часа нова приказна и „ограничен“ онлајн ко-оп режим на играње.
Под 30 часа од „нови содржини во приказната“ се мисли на појавување на нова мистериозна и Интер димензионална вонземна раса, користење портали за брзи премини од една до друга планета и ограничена можност за ко-оп каде до 16 играчи можат да се видат едни со други и да навлезат во меѓусебна комуникација. Играчите се прикажани како лебдечки сфери, а интеракцијата е крајно ограничена, но од Hello Games велат дека и ова е важен прв чекор во синхронизираниот ко-оп свет на No Man’s Sky.
Atlas Rises го подобрува и автоматското снаоѓање во просторот, како и системот за тргување. Покрај ова, играчите можат да очекуваат и визуелни надградби, особено во поглед на текстурите.