По подолг период шпекулации, конечно имаме некакви официјални податоци за телефонот на Google, Pixel. Pixel 2 би требало од биде достапен веќе во следните месеци. Податоците доаѓаат од документите кои HTC ги поднесе за помалиот од двата телефони, до Федералната комисија за комуникација.
Дизајнот на телефоните е на Google, а како и со претходните Pixel модели, производството е на HTC, јави Verge. Телефонот доаѓа со Snapdragon 835 или Snapdragon 836 процесор. Можеби најзабележително е додавањето на нова гестикулација. Гласовниот асистент на Google ќе може да се активира и кога корисникот ќе го стисне телефонот. Станува збор за нова „Active Edge“ технологија која ќе биде достапна со новиот уред.
Засега телефонот се тестира со Android 8.0.1 оперативен систем, а секако до излегувањето ова ќе се промени, вели Android Police.
HTC поднесе документи единствено за помалиот модел, па документите не ја демантираат шпекулацијата дека поголемиот модел овојпат доаѓа од LG. За ова нема официјална потврда, а претходнo двата Pixel модели беа произведени од HTC.
[…] за комуникација навестија дека и овој телефон го произведува HTC. Телефонот ќе доаѓа со Snapdragon 835 или Snapdragon 836 процесор. […]