Што да очекуваме на Consumer Electronics Show

Следната недела се одржува првиот, и еден од најголемите саеми за електроника Consumer Electronics Show. Саемот секогаш се одржува на почетокот на годината и ја покажува насоката во која ќе се движи технологијата во иднина. Настанот ќе се одржи од 9 до 12 јануари.

Што очекуваме?

Автономни возила

Настанот вообичаено покажува идна технологија, но оваа година најголемите очекувањa доаѓаат поради созревањето на автономните возила.  Повеќе производители или претставиле или најавиле автономни возила, а CES 2018 е одлична локација за презентирање на паметни автомобили.

Image couretsy of Jaguar MENA / Flickr / CC BY 2.0

Сепак, саемот во Детроит, кој е една недела подоцна, можеби е поприлвечна и пологична локација за возила.

Понекогаш на CES има и сосем луди концепти, пример, коли кои летаат или авион како сервис.

Медицински уреди

Можеби е прерано во 2018 да очекуваме нови медицински преносни компјутери. Сепак, дел од компаниите кои произведуваат фитнес додатоци можеби ќе покажат дел од новите можности. Apple е една од компаниите кои работи на надградба на можностите на својот часовник, но компанијата традиционално не се појавува на CES.

Image courtesy of Free-Photos / Pixavay / CC0

Секако останатите прозводители ќе имаат сопствени производи кои ќе ги презенитраат.

Раст на проширената реалност

Се чини дека проширената реалност има поперспективна иднина од виртуелната реалност. Можеби главна прична за ова мислење е што виртуелната реалност е присутна неколку години, а сè уште не сме виделе некој софтвер или игра, поради кој ќе помислиме: „Мора да го купам производов“. Можеби за ова придонесува и високата цена на уредите, кои засега се неколку стотици долари.

Von Glogger – Eigenes Werk, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=9593826

За проширената реалност се потребни помалку пари, па можеби и токму поради ова полесно се импресионираме од новопронајдените можности на нашиот паметен телефон. Апликациите и видеоигрите веќе ја освоија проширената реалност.

Борбата на Google Assistant и Alexa продолжува

Google и Amazon пронајдоа поле на кое си конкурираат. Уредите за управување на паметниот дом како: Google Home и Amazon Echo, се во натпревар за освојување на домот.

CES можеби не е одлично место за можностите на овие два уреди, но секако ќе видиме куп паметни уреди кои се поврзуваат со нив. Од паметни светилки, па се до паметни фрижидери и шпорети.

За среќа саемот започнува веќе следната недела, па наскоро љубителите на електронски уреди ќе имаат вистинска можност за уживање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk