Шестмина криминалци признаа дека пиратирале софтвер вреден 100 милиони долари

0 коментари 1 мин. читање

Шестмина криминалци се одговорни за продажба на илегални копии на софтвер вредни над 100 милиони долари. Во период од шест години над 170.000 копии на софтвер од Microsoft и Adobe се илегално продадени на најголемите онлајн продавници, од Amazon до Overstock и eBay. „Ова е еден од најголемите случаи на пиратерија, ако не и најголемиот кој обвинителството досега го имало“, вели Тами Дикинсон oд американското министерство за правда, за Wired.

Во софтверот кој е продаван се вклучени верзии на оперативниот систем на Microsoft, Windows, пакетот Office, Photoshоp Creative Suite заедно со легитимни клучеви. Сериските броеви доаѓаат од извори од Кина, Германија и Сингапур, но засега без дoполнителни детали.

Освен продажба на украдени копии, еден од виновниците, Реза Давачи, го измамил eBay дека парите од продажбата одат во добротворни цели и со тоа си заштедил 900.000 долари од провизијата која вообичаено би ја добила продавницата. Шестмината криминалци заработиле околу 30 милиони долари, а во запленетите предмети е имот во вредност од околу 20 милиони долари. Помеѓу запленетиот имот се 10 луксузни автомобили и 27 објекти.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед