Shadow of the Orient: предизвикувачка акција и скриени богатства

Зошто да ја играте:

  • Неодолив ретро визуелен стил: играта плени со својата шармантна, дводимензионална ретро графика која создава носталгична, но свежа атмосфера. Секој детал е внимателно изработен, што ја прави играта визуелно уживање.
  • Впечатлив систем за борба: uдарите се нагласени со агресивно тресење на екранот и контролерот, што создава опипливо и задоволувачко борбено искуство. Секој удар се чувствува моќно, што ја прави секоја борба интензивна.
  • Богат систем на награди и напредок: играта нуди разновидни богатства како парички, скапоцени камења и специјални способности. Со нив, играчите можат да отклучуваат надградби, нови способности и моќни оружја, што им дава постојано чувство на напредок и мотивација за истражување.
  • Евтина игра со забавни содржини

Сенките на истокот

Shadow of the Orient, акциона авантура од Spacelab Games, се појави на PC на 6-ти октомври 2024 година, но за жал, досега има само три рецензии. Оваа игра, која маестрално ги спојува beat ’em up механиките со предизвикувачки платформски елементи, е вистинско мало ремек-дело кое лесно плени со својот шармантен ретро стил и неодолива сладост. Не ни е јасно зошто е толку слабо забележана, бидејќи дефинитивно не заслужува да остане во сенка.

За среќа, авторите напорно работат за да ја донесат играта на поширока публика, со планирани изданија за Nintendo Switch, PlayStation 4/5 и Xbox One/Series X/S. Ако досега не сте слушнале за „Shadow of the Orient“, дозволете ни да ви објасниме зошто треба да ѝ дадете шанса, дури и ако, како нас, не сте највешти во овој жанр.

Слатка носталгија и моќни ударци

Веднаш бевме освоени од визуелниот шарм на Shadow of the Orient. Прекрасната ретро-инспирирана графика, со својот неодоливо-сладок дводимензионален стил, создава атмосфера која е истовремено носталгична и свежа. Секој детал во околината е внимателно изработен, што ја прави играта вистински визуелен празник за очите.

Но, визуелниот аспект не е единственото нешто што нè импресионираше. Она што навистина се истакнува е начинот на кој играта ги нагласува ударите, особено кога се игра со контролер. Вашите први оружја се вашите тупаници и нозе, а секој удар со нив е пропратен со агресивно тресење на екранот и контролерот. Оваа тактилна повратна информација создава опипливо искуство, додавајќи посебна димензија на битките. Се чувствувате како секој удар да има вистинска тежина и моќ, што ја прави секоја борба интензивна и задоволувачка.

Двојните скокови и качувањето по ѕидовите пружаат забавни платформски можности

Борбата е само еден аспект од она што Shadow of the Orient го нуди. Низ прецизно изработените мапи, играчите ќе се впуштат во авантура на собирање разновидни богатства: сјајни парички, блескави скапоцени камења и моќни специјални способности. Додека моќите обезбедуваат привремена предност, олеснувајќи го напредокот во предизвикувачките области, паричките и скапоцените камења играат клучна улога во развојот на вашиот лик. Со нив, ќе можете да отклучите низа надградби, да научите нови смртоносни способности и да се опремите со моќни оружја. Овој систем на награди и напредок му дава на играчот постојано чувство на напредок и мотивација да ги истражува секој агол и пукнатина на светот на играта, откривајќи ги сите негови тајни и богатства.

Секоја мапа бара од вас да ги пронајдете и спасите киднапираните деца

Битката со непријателите во „Shadow of the Orient“ е стратешка и предизвикувачка. Иако нивните движења на прв поглед изгледаат едноставни, не дозволувајте да бидете измамени. Секој непријател има уникатни рутини кои бараат прецизност и тактика. Нападите од зад грб и брзите, непоколебливи удари се клучни за успех. Ако бидете забележани, ризикувате да бидете преплавени од нивните првични напади, што често е тешко да се одбраните. Во тие ситуации особено помага доколку користите оружја или моќи за напад од далечина, како огнени топки (огнените топки се закон, мора да ги пробате!).

Босовите се предизвикувачки и нудат забавни можности за губење и одново трудење

Овие моќи се исклучително јаки, но доаѓаат во ограничена количина и по неколку напади, моќтта згаснува. Ова не е исто со ладните оружја и нив, доколку сте задоволни, можете да ги користите колку што ви сака срцето. Играта често ве предизвикува да скокате, избегнувате замки и да ги избегнувате нападите на непријателите. Оваа динамична игра е толку добро реализирана што уживавме во секој момент од обидот да ги поминеме мапите со брзина и прецизност. Иако „Shadow of the Orient“ не е долга игра, секој момент е вреден за вашето внимание, без разлика дали преферирате релаксирано истражување или брзо темпо.

Прекрасна форма на интерактивна забава, особено на Steam Deck

Светот на Shadow of the Orient е лавиринт од тајни, а секоја мапа крие скриени области. За оние кои уживаат во темелно истражување, овие тајни места ќе ги наградат со богат плен, клучови и моќни способности.

И покрај ограничениот број на рецензии, Shadow of the Orient е игра која заслужува внимание. Со својот неодолив ретро визуелен стил, интензивна и тактилна борба и богат систем на награди и напредок, оваа акциона авантура нуди уникатно и задоволувачко искуство. Шармантната графика, која потсетува на класичните beat ’em up игри, создава носталгична, но свежа атмосфера, додека борбата со агресивното тресење на екранот и контролерот додава опиплива димензија на секој удар. Дополнително, системот на награди и напредок ги мотивира играчите да ги истражуваат секој агол и пукнатина на светот, откривајќи скриени тајни и богатства.

Ако сте љубители на ретро игри, предизвикувачки платформи и интензивни борби, Shadow of the Orient е игра која не смеете да ја пропуштите. И покрај тоа што е недоволно забележана, оваа игра е вистинско мало ремек-дело кое ќе ве плени со својот шарм и ќе ви понуди часови забава. Не дозволувајте да остане во сенка, дајте ѝ шанса и откријте го ова скриено богатство на акциона авантура.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Spacelab Games
  • Издава: Spacelab Games
  • Жанр: акциона авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 6 октомври 2024/ 27 март 2025 за конзоли

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk