Сепак нема затворени врати, состанокот на Марк Закерберг со Европскиот парламент на стрим

0 коментари 1 мин. читање

Утре основачот на Facebook, г. Марк Закерберг има средба со претставниците на Европскиот парламент, јави Politico. Состанокот требаше да биде зад затворени врати, но Антонио Тајани објави дека во последен момент успеале да договорат стрим во живо.

Според очекувањата г. Закерберг ќе треба да одговори на некои прашања поврзани со скандалот со Cambridge Analytica. Секако нема да биде исклучено фокусот да биде и на новиот закон за заштита на податоците на корисниците – GDPR.

Лично разговарав со основачот на Facebook г. Закерберг за можноста за стрим на состанокот. Со задоволство можам да објавам дека го прифати нашето барање, вели г. Тајани.

За разлика од дводневното испитување во САД, состанокот во Европскиот парламент ќе трае 1 час и 15 минути. Започнува во 18:15 и завршува во 19:30.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top