1 коментар 2 мин. читање 22 мај, 2018

Consumer Reports пронајде грешка во Tesla Model 3

Електричниот гигант Tesla има причина за грижа. Компанијата не само што не може да ги испорача сите возила и се мачи со недоволно производство на возила, туку сега Consumer Reports пронајдоа пропуст во Model 3.

Возилото не доби препорака од Consumer Reports поради две причини. На возилото му треба долго време за да застане и контролите се премногу тешки за користење, пренесе Reuters. Магазинот вели дека возилото има големи маани.

Сепак прашање е дали Model 3 воопшто ќе биде погоден од рецензијата. Компанијата засега уште ги произвeдува автомобилите од претпродажбите, кои вообичаено се за фановите. Дополнително, прилично е тешко да се разубедат овие фанови.

Сепак возилото од 100 километри на час запира по 46 метри, ова е полошо од другите автомобили кои се тестирани. На ова Tesla одговори дека во нивните тестови возилото застанува по 38 метри. Но, не пропуштија да додадат дека компанијата може во иднина софтверски да интервенира.

„За разлика од сите останати возила Tesla има единствена можност да се справи со овие проблеми преку надградби на софтверот, и ова постојано го правиме за да влијаеме на факторите кои играат улога при запирањето“

За жал, лошата вест е дека нема шанси компанијата да испорача возило за 35 000 долари. За ова да може да се оствари компанијата најпрво треба да почне да произведува 5 000 возила неделно.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top