Семос Едукација стана официјален тренинг партнер на AWS

во Вести

Семос Едукација од вчера е официјален тренинг партнер на Amazon Web Services (AWS). Со оглед на застапеноста и на растот на веб услугите на Amazon ова се исклучително корисни вештини. Ова е прв пат да биде официјално поддржана програма преку соработката на Amazon Web Services и Семос Едукација.

На облак сервисот на Amazon Web Services отпаѓа 62% од светскиот клауд пазар. Платформата нуди складирање на податоци, хостинг и скалабилност на апликации, несерверска инфраструктура и други функционалности. Ова се сервиси кои на бизнисите треба да им овозможат да растат и да се развиваат без поголеми вложувања во инфраструктурата. Дополнително целиот систем е флексибилен и овозможува промени во зависност од моменталната потреба.

Во моментов милиони корисници ги користат AWS cloud продуктите и решенијата кои им овозможуваат миграција на својата инфраструктура, креирање на софистицирани апликации со зголемена флексибилност, скалабилност и високо безбедна околина.

„Годинава во Оперативниот план имаме издвоена рекордна сума пари токму за обуки за напредните ИТ вештини. Со сумата која е неколкукратно повисока од претходните години и изнесува над 43 милиони денари или околу 700 илјади евра ќе бидат опфатени 1  323 невработени лица“, вели министерката Мила Царовска.

Засега е нејасно дали и кога Amazon Web Services ќе биде дел од обуките за напредни вештини.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk