0 коментари 1 мин. читање 27 јуни, 2012

Секоја секунда се активираат по 12 Android уреди, вкупно има 400 милиони

Google на I/O откри дека сега има над 400 милиони активирани Android уреди, односно дневно се активираат по еден милион нови Android телефони.

„Да ја ставиме таа бројка во контекст, тоа значи дека 12 нови Android уреди се активираат секоја секунда секој ден.“, вели Хуго Бара, продукт менаџер за Android.

Android го надминува iPhone кој има продадено вкупно 365 телефони. Според Google, популарноста на Аndroid се должи на поприфатливата цена на уредите во земјите во развој како Бразил и Индија, каде, како и во Македонија, може да се најде Android паметен телефон за по 100-200 долари, додека iPhone чини 500-600.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top