0 коментари 2 мин. читање 2 декември, 2015

Секој може да направи апликација со Microsoft PowerApps, дури ако не знае да кодира

Новата алатка на Microsoft – PowerApps ќе им овозможи на оние кои не знаат да програмираат да креираат бизнис апликации. Идејата на Microsoft е да се надминат проблемите со недостаток на девелопери, и да се олесни транзицијата од десктоп кон мобилните апликации. Дополнително платформата ќе овозможува искористување на податоците кои ги складираат компаниите на Office 365, Salesforce, OneDrive или Dropbox.

Сервисот овозможува брзо и едноставно креирање на апликации, со избор од повеќе шаблони, и искуство како Office на кој корисниците веќе се навикнати. Сервисот треба да надмине и еден помал проблем, односно вака креираните апликации можат да се споделат на имејл што ќе го олесни нивното распределување до вработените. Апликациите ќе можат да се користат преку PowerApps на iOS, Android и Windows Phone.

Платформата во моментов е во тест период и нема најави за цената, иако нема да биде изненадување и доколку постои бесплатна функционалност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top