Сега може да креирате забавени видеа преку YouTube Editor

0 коментари 1 мин. читање

YouTube додаде мала, но слатка функционалност во својот едитор на видеа. Сега покрај другите enchancement опции за подобрување на снимката на видеото, ќе може да додадете и slow motion ефект, односно ќе може да ја забавите снимка за 1/8 од нормалното движење. Како што вели YouTube, опцијата ќе биде одлична за видеата направени со камери кои можат да снимат брзи движења.

Подолу е видео од Тајмс сквер во Њу Јорк во нормална и забавена брзина. Покрај забавувањето на вашето видео, преку YouTube едитор ќе може и да ја подобрите светлината и бојата автоматски или мануелно, да ја стабилизирате снимката, да ги затемните лицата, да го скратите видеото или да искористите некој од понудените филтри за ефекти.

[youtube]2_okDfy1cuA[/youtube]

[youtube]7XyABF8s5U0[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед