Seesmic го купи Ping.fm

во Веб

{mosimage} Тwitter клиентот Seesmic го купи Ping.fm сервисот за постирање статуси низ 50 друштвени мрежи и сервиси. Не се открива колку пари се вмешани во зделката со која на Лоик ле Меур, основачот на Seesmic, ќе му се оствари
„визијата Seesmic да стане основна апликција која корисниците ќе комуницираат со пријателите на разните друштвени мрежи“.

Бидејќи користиме неколку друштвени платформи понекогаш е многу незгодно да се префрлувате од еден на друг сервис за да пратите порака. Пример, јас користам Facebook (2 профила, личен и ITcommk), Twitter (личен и @IT_info), LinkedIn, Yahoo Messеnger, Skype и два имејла. Дефинитивно би ми било полесно да
имам само една апликација преку која можам да ги менаџирам сите нив, нели?

Seesmic сега функционира само како Тwitter клиент, односно веб сервис кој овозможува полесно менаџирање на твитовите, како преку десктоп така и преку мобилен телефон. Од друга страна Ping.fm овозможува лесно апдејтирање на статусите на 50 различни друштвени мрежи, имејл клиенти, месинџери… но Ping.fm не нуди читање на статуси. Така склопувајќи го со Seesmic се добива целосна веб алатка за постирање на статуси на друштвените мрежи. Ping.fm вели дека има 500.000 корисници кои постираат околу 200.000 промени на статуси дневно. Сега тие корисници, заедно со основачите на Ping.fm, Адам Дуфи и Шон МкКулог, ќе се приклучат на Seesmic.

Интересен податок е што
во 2008 година во Ping.fm инвестирале директорот на Creative Commons, Џое Ито, како и основачот на LinkedIn Рид Хофман.

{mosimage}

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk