0 коментари 2 мин. читање

Seagate ќе продава хард-дискови со SMR технологија

Seagate наскоро ќе започне со продажба на првите хард-дискови кои доаѓаат со SMR технологија. Дискот од 8 терабајти ќе биде достапен за 260 долари или само 3 центи за гигабајт. Станува збор за хард-диск кој е наменет да биде складиште за податоци, за кои брзината на пристап не е од клучно значење. Ова произлегува од технологијата која овозможува поголема густина на податоците, за сметка на брзината на пристап до нив која е околу 150МВ/s. „Спојте го ова со SSD, на пример Samsung 850 Pro и имате флексибилен и ефтина платформа за складирање на податоци“, вели Extremetech.

SMR технологијата го намалува просторот помеѓу секоја од траките на дискот, кој е неопходен за намалување на интерференцијата. Ова всушност е добар дел од дискот речиси а со SMR се намалува за 25 отсто делот кој останува неискористен и се овозможува слоевите да се преклопуваат. Главата за запишување на податоците кај SMR всушност запишува во лентата во која треба да пишува, но и во лентите кои се допираат со неа, поради ова траките треба да бидат запишани повторно, а решението е поделба на помали блокови кои се запишуваат одново.

Дисковите доаѓаат во 5, 6 и 8 ТВ верзии со 128МВ кеш меморија и стандардна и безбедна изведба. Безбедната верзија доаѓа со хардверско криптирање на податоците и се разбира е поскапа од стандардната верзија. Seagate Archive HDD би требало да бидат достапни веќе од 7 јанура следната година.

[youtube]3UFUfv9n420[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top