Како што кажавме во нашата листа со најдобрите видео игри со женски протагонисти, преубавата Лара Крофт е на сцената уште од 1996 година, а тоа, ќе се согласите, е многу време во гејмерската индустрија.
Првите три Tomb Raider игри бележат огромни успеси и нудеа уникатна игрива формула во импресивен графички енџин. Таквото нешто, особено вториот дел, повеќе не е случајот и иако можете да ги најдете игрите на Steam, уживањето е далеку од загарантирано затоа што се работи за оригинални DOS портови кои се покренуваат од емуларот. Како резултат, забележителни се бројни проблеми со перформансите, резолуцијата и контролите за управување.
По се игледа ретро фановите ќе можат да ги заиграат првите три игри во форма на чисто-крвни римастери кои работат на 1080p резолуција и со 60 фрејмови во секунда. На римастерите работи Realtech VR, компанија кога беше основана во 2008 година и има работено првенствено на игри за iOS.
Oна што добива корисникот се всушност прилагодени верзии на тие за паметните телефони. Покрај нов 3D енџин, римастерите ќе се испорачуваат со поддршка за OpenVR, проширени графички можности и поддршка за играње со контролер.
Се уште не се знае кога ќе се појават римастерите на Steam, но она што се знае е дека ќе бидат бесплатни за сите оние кои ги имаат купено DOS верзии на Steam.
[…] Raider ремастерите, за кои ве известивме неодамна, нема да ја здогледаат светлината на денот. […]