0 коментари 2 мин. читање 7 јули, 2017

Се работи на Assassin’s Creed аниме

Веќе од 7.јули, претплатниците на Netflix можат да се втурнат во оригинални ТВ авантури од универзумот на Castlevania. Дека креаторот на телевизиското шоу, Ади Шанкар, е исклучително зафатен зборува и фактот дека човекот потпишал договор и работи на ново аниме шоу, овој пат сместено во Assassin’s Creed универзумот.

„Среќен сум да ве известам дека го избрав мојот нареден проект! Ја играв првата Assassin’s Creed годината кога се преселив во Лос Анџелес и во тој момент не знаев никого во индустријата и не ни можев да замислам дека еден ден Ubisoft ќе ме прашаат да го земам светот на Assassin’s Creed и да создадам оригинална приказна во форма на аниме серијал.“

Ако некој ви каже да не ја следите вашата пасија во животот, знајте дека не се во право“, вели Шанкар

За тоа дека се работи на Assassin’s Creed телевизиско шоу знаевме уште од март, кога главното лице за Assassin’s Creed, Ајмар Азајза, го потврди таквото нешто, но не знаевме каква форма ќе заземе таквото ветување. С ѐ уште не е познат датумот на излегување, кој ќе биде протагонистот и опфатениот временски период, но ако Шанкар успее да направи нешто слично на Castlevania, ние би биле повеќе од задоволни.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top