Според безбедносната фирма Check Point, само во последните три месеци бројот на огласи за Covid-19 вакцини се има зголемено за 300%.
На dark web се продаваат вакцини на АстраЗенека, Спутник, Синофарм, или Џонсон и Џонсон, а нивната цена се движи од 500 до 750 долари. Анонимните продавачи се од Америка, Шпанија, Германија, Франција, и Русија. Еден од огласите кој може да се најде на dark web ветува достава во САД за само еден ден и експресна достава низ целиот свет.
Вакцини не се единствените „добра“ кои се нудат на dark web. Напротив, во највеќе се продаваат и „пасоши“ кои тврдат дека луѓето се вакцинирани, како и лажни негативни тестови.
Еден оглас го нуди следново:
„Правиме негативни Covid тестови за сите оние кои патуваат во странство, бараат работа, и слично. Купете два негативни тестови и добијте го третиот бесплатно!“
Безбедносната компанијата Check Point, која го истражува случајот уште при крајот на 2020 година, објаснува дека имање каква било работа на dark web за вакви „услуги“ е екстремно ризично, додавајќи дека примарната цел на ваквите продавачи, кои многу лесно можат и да се хакери или измамници, е да дојдат до вашите пари. За потребите на истражувањето, Check Point имаат купено Синофарм вакцина за 750 долари, но истата сеуште не е пристигната и се смета дека лицето не е ништо повеќе од измамник.
Многу повеќе од извештајот, заедно со бројни огласи кои циркулираат на dark web, можете да пронајдете тука!