0 коментари 2 мин. читање 9 јуни, 2014

Се продава најголемата колекција на видеоигри со 11.000 наслови кои се проценети на 700.000 долари

Започна аукцијата на најголемата колекција на видеоигри со над 11.000 наслови, во сопственост на Мајкл Томасон, 41 годишен историчар на видеоигри кој го држи Гинесовиот рекорд за најголема колекција. Колекцијата е на продажба поради фамилијарни обврски, а ќе ја добие наддавачот со највисока понуда. Аукцијата е започната на Game Gavel и ќе трае до 15 јуни. Иако започна со 1 долар највисоката понуда во моментов е 90.751 долари, но колекцијата е проценета помеѓу 700.000 до 800.000 долари.

„Колекцијата е составена од 10.607 видео игри и е верификувана од Гинисовата книгна на рекорди на официјалното броење на 3 декември 2012, оттогаш на колекцијата се додадени над 400 нови игри. Вкупно сега колекцијата има над 11.000 игри. Гинис не ги броеше дупликатите што значи дека секоја игра е уникатна и без повторување.“

Понудените игри доаѓаат за најразлични платформи покрај PC и новите конзоли, колекцијата има и игри за Dreamcast, Saturn, Virtual Boy и Lynx. Четвртина од колекцијата се игри излезени како од фабрика, односно 2.600 видеоигри доаѓаат спакувани како од продавница. Г. Томасон пред неколку години обезбеди околу илјада видеоигри за International Center for the History of Electronic Games, дел од Strong музејот. „Музејот рече дека игрите кои им ги продадов се најдобрата колекција која било кога ја примиле. Овие игри беа дупликати и не беа добри како копиите кои ги задржав во мојата колекција.“ вели г. Томасон.

[youtube]JWfx2ZX5BuM[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top