1 коментар 2 мин. читање 16 октомври, 2015

Се појави верзија на PopCorn Time, но за пиратирање на музика

Aurous е софтвер за стримање на музика кој овозможува корисниците да ги слушаат своите омилени песни преку стримање на торент. Апликацијата е достапна за трите десктоп оперативни системи Windows, OSX и Linux. Апликацијата чиј дизајн е речиси копија на Spotify е дело на Ендрју Самсон од Флорида, јави The Next Web. Апликацијата овозможува пребарување по торентите за музика, притоа на корисниците нудејќи им можност за пребарување по автор, албум или наслов на песната.

Со оглед на тоа дека станува збор за стрим, корисникот не ја презема песната на својот компјутер, па слушателите не прават прекршок, иако правните претставници на музичката индустрија несомнено ќе пронајдат некаква причина за тужба. Слично како и Popcorn Time и апликацијата Porn Time стрима содржина за која не се платени авторските права, а дека ќе има некакви проблеми со законот покажува и рекацијата и откажувањето од краудфандинг кампањата откако се покажа дека би можеле да очекуваат проблеми со законот.

Дел од издавачите веќе подготвуваат тужба, но од сервисот најавуваат дека ништо нема да ги спречи да функционираат. Дури и сервисот да биде затворен корисниците ќе можат да продолжат да ја користат апликацијата. Music Business Worldwide ја нарече Aurous настрашната апликацијата за музичкиот бизнис. Претставникот на издавачите RIAA најави дека ќе побара затворање на страната и оштета, но ова нема да биде остварливо. Дури и да биде затворена, страната едноставно може да биде преселена.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Aleksandar
Aleksandar
10 years ago

Толку од пред 4 часа е суспендирана…. Добија и голема тужба
http://www.digitalmusicnews.com/2015/10/13/breaking-aurous-is-now-being-sued-by-universal-sony-and-warner-music-group/

Мени
Заедница
Изглед
To top