Scarlet Hollow феноменална игра од истото студио кое ни ја испорача Slay the Princess!

Зошто да ја играте?

  • Сакате да проверите една од најдобрите наративни игри
  • Впечатлива комбинација од имерзивен хорор, влијателни избори и динамични односи
  • Оригинални дизајни на чудовишта кои црпат инспирација од невообичаени митови

За нас, Slay the Princess – The Pristine Cut е еден од најдобрите визуелни романи, нудејќи впечатлива визуелна презентација, комплексни ликови и незаборавна приказна. Долго време сметавме дека развојното студио Black Tabby Games има направено игра која никогаш нема да биде засенета од некоја друга. И тогаш, тие ја исфрлија Scarlet Hollow. Можеби гром не удира два пати во коприва, но Black Tabby Games дефинитивно се способни по вторпат да понудат комплексно наративно искуство полно со непредвидливи работи.

Добредојде дома надвор од дома

Навлегување во Scarlet Hollow е навлегување во еден воодушевувачки илустриран кошмар: знаете дека не треба да сте тука, сакате да се вратите во реалноста, но никако не се осмелувате да се разбудите. Приказната ги има вовлечено кукачките во вашето битие, ликовите се дел од вас и морате да ја истерате работата до крај. Доаѓајќи на погребот на вашата тетка, ќе се запознаете со вашата братучетка, но и со чувството дека местото во кое се наоѓате крие нешто длабоко и крајно вознемирувачко, подговувувајќи ве за убедлив судир на влијателни избори и зачудувачка уметност.

Ликовите се комплексни индивидуални лица кои се детално разработени, со богата, но проблематична историја. Низ играта, водите најразлични разговори. Притоа, земате во предвид дека некои одлуки значително влијаат на текот на разговорот и вашата перцепција од соговорникот. Слично на ова, доколку изберете еден проблематичен коментар или прашање, сите останати може да видат заклучени. Некои работи што ќе ги кажете предизвикуваат инстантна реакција. Некои, пак, задоцнета. Паралелно со ова, играта не е вашиот карактеристичен визуелен роман, отварајќи дополнителни опции за разговор во зависност од вашите способности. Па така, доколку имате дарба да зборувате со животни, често ќе ви се отвораат дополнителни дијалози секојпат кога ќе наидете на некое крзнено пријателче.

Ликовите реагираат на вашите постапки, формирајќи вистински врски кои можат да се движат од блиски пријателства до горчливи ривалства.

Цртежите се чисти и полни со ненаметливи детали, создавајќи веродостојни локации. Овие цртежи често се прошарани со суптилни анимации и осветлувања, замислени да пружат автентична имерзија во светот. Секоја нова сцена е дополнително засилена со соодветни звуци. Имено, во една соба ќе слушате беснеење на ветер, во друга крцкање на гредите, а во трета зуење на неонката или инсектите. Импресионирамни се од тоа колку силен ефект може да се има со минималистички, но креативно осмислен концепт.

Секоја сцена е прецизно изработена, создавајќи визуелно зачудувачки и извонреден свет.

Иако играта е излезена од поодамна, сега е одлично време да се провери поради најновото, садржајно надополнување насловено како The Roads Untraveled. Оваа дополнување значително ги проширува првите две епизоди, давајќи му на играчот подобар увид во бројните одлуки. Паралелно со ова, девелоперите го имаат значително променето корисничкиот интерфејс и одредени елементи поврзани со визуелната презентација. Scarlet Hollow е игра која мора да се игра од љубителите на наративно-водени хорор и мистериозни игри. Нејзината убедлива приказна, извонредна атмосфера и зачудувачка уметност нудат навистина незаборавно искуство. Ако барате игра што ќе ве држи на работ на вашето седиште и ќе ве натера да размислувате за нејзините мистерии долго откако ќе завршите со играње, тогаш добре дојдовте дома… во Скарлет Холоу.

Ако ништо друго, топло препорачуваме да го проверите барем демото, кое е цела прва епизода.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Black Tabby Games
  • Издава: Black Tabby Games
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 11 јуни 2021

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk