Santicide е неодамна излезената игра на развојните студиа Red Square Games и Sylen Studio. Претходно, Sylen Studio ја имаше исфрлено текстуалната авантура The Sin Collector: Repentless, наслов кој е заснован на книгите на авторот Микал Голковски. Santicide значително поамбициозен проект кој потекнува од истиот универзум. Но, дали е добра или не е лошо да почекате малку?

Пола – пола
Дизајнот на светот е најсветлата точка во Santicide. Од почетокот па до самиот крај, авторите се имаат потрудено да остават впечаток на автентично, иако депресивно, постапокалиптично опкружување. Иако не се работи за отворен свет, поминувате низ најразлични локации кои се истражуваат со апсолутно задоволство.
Низ светот патувате преку turn-based механиката. И вие и вашите противници може да се движат по само едно поле низ светската мапа. Ако наидете на противник – битката започнува. Ако победите – добивата здрава количина од плен и искуствени поени. Со набљудување на движењата на непријателите, можете да пробате да избегнете некои напади, доколку сакате. Мапите каде се вршат ваквите пресметки се многу мали, дозволувајќи ви скеомен простор да се соочите со непријателите и да продолжите со патувањето до целта.

Светот во Sancticide е преубаво, но опасно место. Играта се одликува со арсенал од механики кои ќе се погрижат да не бидете убиени. Па така, во комбинација со блокирање/ избегнување напади, ќе можете да користите ладни/ огнени оружја, но и разорни моќи. Во поглед на моќите, можете да користите теликинеза, да успорувате време, да заслепувате, отфрлувате или палите непријатели. Некои од овие моќи се поинтересни, принудувајќи ве да ги користите почесто, особено моќтта за отфрлување предмети и луѓе.
Битките се брутални, обично одбележани со многу искри, крв и обезглавувања. На лесна тежина, играта нуди карактеристична hack and slash акција без некаква потреба за стратешко планирање. Но, на средна и висока тежина, исклучително важно е да ги темпирате вашите напади, фокусирајќи се на споро, но методично напредување и здрава комбинација од најразлични тактики. Иако битките се првенствено одигруваат преку користење ладни оружја и магии, ќе можете да користите и огнени оружја, имајќи во предвид, меѓутоа, дека муницијата е исклучително редок луксуз резервиран за најдрагоцените моменти. Во поглед на вештачката интелигенција, противниците не се посебно паметни, често задоволувајќи се со главење или тапкање во место и едни исти анимации. Нема никаков предизвик на најниската тежина, каде сосема е доволно да користите зашеметувачка магија и серија од напади со ладно оружје.
Приказната и глумата се најлошите точки во играта. Приказната често ве фрла од една до друга ситуација, трудејќи се да извлече некаква реакција од вас, но со лоша напишани дијалози и неверодостојна глума, која е патем AI напојувана, се пропаѓа во вода, често принудувајќи ве да реагирате така што превртувате со очите и чекате да заврши болно долгата експозиција. Некои гласови кои се позајмуваат на ликовите може некако да поминат, иако, подразбирливо, се регистира неприродна воздржаност и хирушко одстранување на подраматични емоции. Некои „актери“, меѓутоа, ги покажуваат проблемите со AI гласови на подрастично ниво, оставајќи впечаток како само да ги читаат линиите текст без било каков талент или страст, сакајќи да завршат со монотоното, роботско излагање што е можно побрзо. Штета.

Уште на самиот почеток се гледа дека тимот сака да понуди квалитетна и комплексна приказна која би била на исто, квалитетно ниво како и дизајнот на мапите. За жал, нашето мислење е дека од овие две работи, нив ги бива само за една. Тие почетни моменти на долгата експозиција и форсирање неинспиративен лор се најболни. Доколку поминете низ нив, светот прекрасно се отвора, нудејќи задоволително истражување и, на моменти, предизвикувачки битки.
Се е некаде на половина со Santicide. Нашата препорака е да и пружите шанса на играта, барем додека не навлезете во третата поголема област. Доколку во тој момент играта не успее да го привлече вниманието, верувајте дека ништо нема понатаму што би можело да разбуди интерес кон насловот, барем сега-за-сега. Играта е во раниот пристам на Steam и допрва ќе се работи на подобрување на бројните аспекти. Да се надеваме дека ќе успеат во намерата затоа што нема сомневање дека има голем неоплеменет потенцијал во Santicide.

Повеќе детали за играта
- Произведува: Red Square Games, Sylen Studio
- Издава: Red Square Games, Sylen Studio
- Жанр: акција
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 12 февруари 2025







