{mosimage}Од Samsung Electronics Co., светски најпознатиот производител на компјутерски мемориски чипови, во петокот изјавија дека нивната заработка за време на третиот квартал од годинава опаднала за 44% споредено со податоците од пред една година, а исто така и цените на мемориските чипови и мониторите значајно се намалени, како резултат на економската криза.
"Пазарната средина во третиот квартал се покажа како голем предизвик во поглед на зголемувањето на трошоците и падот на светската економија," велат од компанијата, објаснувајќи ги нивните негативни резултати.
{mosimage}
За време на периодот Јули – Септември, нето профитот достигна 1.220 милијарди корејски вони (873.3 милиони US долари), значително помалку во однос на 2.190 милјарди корејски вони (1.56 милиони долари) нето профит кој беше остварен за време на истиот период пред една година.
Иако продажбата се зголеми за 15.4% на годишно ниво достигнувајќи 19.200 милијарди корејски вони (13.7 милиони долари), оперативната заработка падна на 1.020 милјарди (0.72 милиони долари), велат од компанијата.
Во меѓувреме, од компанијата најавуваат дека инвестициите на Samsung во наредната година ќе останат "во иста мерка агресивни спрема конкуренцијата", иако влошувањето на глобалните економски услови може да ја присилат компанијата да биде поконзервативна.






