Samsung NC10

во Свет

{mosimage}Samsung го претстави својот прв UMPC (Ultra-Mobile PC) лаптоп со кој влезе во битката за ултра-портабилни компјутери.

Samsung NC10 доаѓа опремен со, релативно новиот, Intel Atom процесор, 10.2 инчен екран
со резолуција од 1,024×600 пиксели, 1GB рам меморија, можност за избор на HDD од 80 до 160GB и Windows XP Home. Тука е и вградената 1.3MP веб камера, Wi-Fi, Ethernet Lan и можност за Bluetooth.

Изборот на бои кои што треба да го привлечат вниманието на купувачите се бела, пијано црна и металик сина.

Според најавите, батеријата со шест ќелии треба да обезбеди работење од 8 часа. Земајќи ја во предвид и тастатурата која е стандардна за лаптопи со поголема дијагонала на екранот, како и солидниот имплементиран хардвер, претпоставувам дека многу корисници ќе го користат NC10 како примарен лаптоп без разлика на тоа што UMPC компјутерите се општо прифатени како backup компјутер.

Продажбата на NC10 се очекува да започне во октомври по цена од околу 400 евра за основниот модел. Сепак, познавајки го темпото со кое работат македонските дилери на хардвер, не очекувам NC10 да се појави кај нас до средината на следната година со цена од 600 евра.

Samsung NC 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments